Versace го прославува лансирањето на својата машка колекција за сезоната пролет-лето 2021 година со соодветна кампања. Фотографирана од Mert & Marcus, кампањата како главно лице за претставување на машката колекција за оваа сезона го има Raphael Balzer. Други модели кои се појавуваат се Louis Baines и Paco Diouf. Целото внимание на фотографите е насочено кон Flash колекцијата на Versace. Целата колекција ја карактеризираат интересни комбинации, смела мешавина на бои и кроеви, и уште посмела комбинација на стилови.