Уште една колекција со раскошно класичниот Versace touch беше претставена во Милано. Оваа колекција на модната куќа ја прославува современата мажественост.
„Кога еден млад човек ќе стане МАЖ, првото нешто што тој го посакува е автомобил”, изјави Донатела Версаче.
Поради тоа на самата ревија имаше автомобил украсен со цвеќиња кој е симбол на адолесценцијата и статусот на еден човек, а во исто време ја потсеќа самата Донатела на нејзиниот брат Џани. Моќните костуми се претставени преку иновативни силуети и ткаенини. Versace оваа колекција ја посветува на културата на деведесеттите вклучувајќи инспирација од бендот Prodigy.
„За оваа колекција, сакав да ги испитам елементите што го поттикнуваат човекот. Тоа е дефинитивно довербата, слободата и желбата да се изразат без двоумење. рече Донатела”