Ова беше прва ревија за мажи на VERSACE откако куќата беше купена од Michael Kors Holdings Limited за повеќе од 2 милијарди долари. Иако Донатела Версаче не беше достапна за интервју на оваа модна недела во Милано, сепак од интервјуто кое го имаше во The Financial Times на прашањето: Дали овој договор ќе го раздели VERSACE од VERSACE?, нејзиниот одговор беше: „Не знам зошто луѓето мислат дека VERSACE станува како Michael Kors? Средна, долна линија. Мислам со сета почит кон Michael Kors. . . . ” Сега за сега оваа нескротлива дива остана достојна на кажаното и оваа колекција беше верна на претходнта историја на оваа модна куќа. Печатени маици, кожни панталони, унисекс сакоа со безопасни како модни додатоци, комбинации на повеќе бои…