Луксузниот италијански бренд Versace лансираше три нови влечки со кои би го надополниле елегантниот Versace летен стил. Карактеризирани со иконската Greca шема на ременот и деталите од главата на медуза во центарот, овие влечки се одличен безвременски додаток за покрај базен. Познатиот бренд користел различни материјали при изработка на овој тип на додаток, па така покрај висококвалитетната ткаенина користи и кожа за двата свои модела. Овие летни додатоци се достапни во различни бои во зависност од моделот.