Модниот бренд Versace оваа година го искористи виртуелниот фестивал ComplexLand за претставување на новите патики Trigreca. Фестивалот ComplexLand кој може да се доживее и прошета како обичен аватар, истражувајќи ги различните е-бутици на модните брендови учесници, привлече големо внимание.

Всушност модниот бренд Versace ја искористи оваа моќност во својот бутик, на гостите, да им ги претстави новите патики Trigreca. Оваа патика иако изгледа доста футуристички му оддава почит на Magna Graecia наследството на Versace, користејќи го Greca шаблонот од три дела: димензионален ѓон, средна подлога и декоративна лента. На патиките се отпечатени и географските координати на Милано и 3D медуза скриена во ѓонот.

Комбинирајќи ја формата и функцијата, патиката има и „Greca Cushioning System“. Патиките Versace Trigreca се достапни во црна, бела, зелена, сина и црвена боја, додека специјалната верзија ComplexLand е достапна само во ограничена серија од само 100 парови, исклучиво преку ComplexLand.