Verge Motorcycles се придружува на компаниите кои преминуваат на електричен погон. Па така финскиот производител на мотори го претстави TS електричниот родстер. Одлучувајќи се за футуристички дизајн со интересно задно тркало, овој родстер има мотор од 80kW скриен во задниот бандаж на тркалото.

Со целосно полнење на батеријата со овој мотор можете да поминете 200 километри на автопат и околу 300 во градот. За целосно полнење на батеријата се потребни 50 минути на брз полнач. Verge TS забрзува од 0-100 километри на час за четири секунди и развива максимална брзина од 177 километри на час.

Цената ќе биде околу 27.000 американски долари со претходна нарачка достапна со депозит од само 2.100 долари.