Морничава и мистериозна, реплика од куќата на култното семејство Адамс ви стои на располагање на booking.com.
Во чест на Ноќта на вештерките и новиот филм за семејството Адамс, booking.com на својата листа на понуди ја става и репликата на познатиот мистериозен дом. Репликата е сместена во стан со три спални соби од 19 век кој се наоѓа во Бруклин. Куќата е лоцирана во населбата Чилтон Хил и изнесува 101.10 долари од вечер.
Од садови со бубашваби, преку вазни само со стебла од рози, преку растенијата на Мортиша кои јадат луѓе до големото Ѕвоно на Лурч, репликата располага со целосно Addams доживување.
Кујната е опремена со многу разнобојни напитоци, бубачки и животински скелети, а спалната соба е темна и мрачна со готски декор, баш онака како што се очекува.
Резервирањето започнува денес, а куќата е достапна од 29.10.2019 до 01.11.2019.