Стартап компанијата Vaonis ги претстави Vespera и Stellina, истражувачки станици кои совршено комбинираат телескоп и камера, кои имаат за цел да го револуционизира светот на астрономијата. Всушност овие гаџети на Vaonis овозможуваат да се истражи космосот, да се набљудува ноќното небо, истовремено со можност да го фотографирате тоа што го гледате па дури и да ги споделите вашите откритија.

Во Vespera и Stellina се употребувани најдобрите компоненти на пазарот што овозможува лесно користење. Интересно е дека по вклучувањето и калибрирањето на преку GPS на вашиот уред, неговата вградена технологија за препознавање на ѕвездите нуди можност за бирање на објект и негово следење преку апликација.

Интуитивната технологија на овие уреди може да ви даде и персонализирани препораки, за набљудување на објекти според вашата геолокација и астрономскиот календар. Иновативниот дизајн на Vespera, како најлесниот и најмалиот паметен телескоп во светот, се потврдува со самиот факт што тој тежи помалку од пет килограми и може да се носи во ранец.