Vans ја лансираше линијата Vans UltraRange EXO која ветува максимална удобност и поддршка. Обувките се верзија од кампањата „Vans’ go-anywhere UltraRange” кои се дизајнирани да овозможат целодневен комфорт, сигурна потпора и издржливост.

Vans UltraRange EXOUltraRange EXO се засилени во задниот дел со цел да се елиминира лизгањето на петиците, а имаат и нов скелет за да обезбеди поддршка на прстите и медијалниот страничен ѕид. Vans имаат вложено голем труд да ги направат овие патики ваш сопатник па за да бидат уште покомфорни тука е и UltraCush јазикот кој овозможува подобра проток на воздухот.