Соработката на Maha Amsterdam и Vans резултира со пријатно јулско издание на патики од линијата Vault by Vans OG Style 36 LX. Овој пат продавницата за патики лоцирана во Амстердам и скејт брендот се одлучија за супер-слатка шема која е инспирирана од холандското печиво Orange Tompouce, кое е деликатес кој е достапен само во месец април за денот на Кралот или таканаречениот Koningsdag.

Портокалово-белата шара или официјалните имиња на боите за овој конкретен модел се „Marshmallow“, „Amberglow“ и „True White“, кои ги претставуваат холадските бои. Maha Amsterdam x Vault by Vans OG Style 36 LX од 4-ти јули се достапни во продавницата Maha Amsterdam во Амстердам, додека пак за останатиот дел од светот ќе бидат достапни од 11-ти јули.