Некаде кон крајот на јануари 2020 година ќе го добиеме и третото продолжение на Bad Boys 3 до Вил Смит и Мартин Лоренс. Ним им се придружува и актерката Ванеса Хаџенс.
Актерката Ванеса Хаџенс, заедно со актерите Александер Лудвиг и Чарлс Мелтон ќе им се приклучи на лошите момци, по 3 пат да го освојат Мајами, а и големото платно. Според сценариото, Хаџенс, Лудвиг и Мелтон се дел од посовремена група полицајци кои не многу се согласуваат со стариот начин на работа на Вил Смит и Мартин Лоренс. Но, ова не значи дека улогата на Хаџенс е негативна. Напротив, негативецот во филмот останува мистерија.