Швајцарскиот луксузен бренд за часовници Vacheron Constantin не запознава со нови Overseas модели. Поточно овој лускузен бренд претсави три прекрасни часовници кои ќе и се придружат на Overseas колекција за 2021 година. Од моделите еден е „tourbillon“ од розево злато, и два ултра тенки „perpetual calendars“.

Турбилионот е целиот направен од 18 каратно 5N злато(5N-ознака дека златото е составено од 75 проценти злато и 25 проценти бакар). Основата на бројчаникот е во сина боја со еден транспарентен дел, тука е и calibre 2160 кој го движи часовникот. Како дополнување на часовникот доаѓаат два екстра ремени, двата во сина боја но едниот гумен а другиот направен од кожа од алигатор од Мисисипи.

Двата други модела носат куќиште од 41.5mm, 18K злато, со дебелина од 8.1mm. Оваа дебелина се должи на Vacheron Constantin calibre 1120 QP/1 и calibre QPSQ/1. Како и турбилионот така и овие часовници покрај ремените од бело злато имаат и два дополнителни ремени од алигаторска кожа и гума.