Златната патика која првично беше направена за суперѕвездата Usher во 2014 година е дело кое е ограничено издание во вистинска смисла на зборот. Всушност овие Usher Air Jordan 3 се ограничени на само 10 пара, а доколку ги имате вие сте вистински среќник. Ѕвездата од Атланта кој со хитовите „Yeah!“ и „My Boo“ се вивна на сцената е познат по златните металик Air Jordan 3, Air Jordan 9 и Air Jordan 11.

Прво претставени во 2014 година, ограничени на само 10 пара патики, од кои едниот забележан на Usher во реклама за Honey Nut Cheerios, овие патики може да се пофалат со горен дел направен целосно од рефлектирачка златна лакирана кожа. Покрај тоа овие патики имаат и облога од црна кожа на горниот внатрешен дел, три ѕвезди на јазикот, како и името на ѕвездата на внатрешната страна. Бидејќи овој Air Jordan 3 е навистина редок примерок, тој никогаш нема да види продажба на мало.