Техно кралицата Deborah De Luca оваа сабота ќе настапи пред македонската публика во А1 Арената. Во моменти кога е на самиот врв во оваа индустрија и настапува на најголемите и најважните подиуми ширум светот, Deborah De Luca повторно решава да го стави нашиот главен град како една од последните станици од оваа година. Со овој гест таа покажува почит кон една од најдобрите публики во Европа, публика која таа почит ја заслужи на претходните настапи во нашата земја и со право ја стави на пиедесталот на омилени музичари кои некогаш настапувале кај нас.
Во Скопје, покрај Deborah De Luca, ќе настапи и норвешкото диџејско дуо Eric Small and Carina Helen, кои несомнено се афирмираат како must have атрибут на секоја завршница на техно забавите, а за загревање ќе се погрижи фантастичниот Rinia Rinia.
De Luca дефинитивно e најбрзо растечкиот талент на светската техно сцена. Италијанската техно кралица е на бесконечна светска турнеа додека во исто време ја раководи својата издавачка куќа Sola mente records каде ја пласира музиката што ја продуцира…
Македонија предновогодишно ќе има можност да се забавува со урбан звук како примерот на големите светски метрополи. За спектаклот и доживувањето да бидат целосни ќе се постави бина од 60 м2 и ќе бидат употребени над 30м2 LED дисплеи и над 120 светлечки тела што ќе им доловат на посетителите да се чувствуваат како да се дел од светските техно подиуми. За звукот да биде на нивото на артистот и очекувањата на посетителите во А1 Арената ќе се направат посебни тестирања и ќе биде употребена софистицирана опрема која со сигурност ќе продуцира одличен звук, што впрочем е една од најважните работи за ваков музички настан.
Настанот ќе се реализира на 28 декември во големата сала на А1 Арена со почеток од 22:00 часот. Влезниците во претпродажба се со промотивна почетна цена од 600 денари. Влезници за настанот можат да се набават во ЈУГОТОН и сите продажни места на www.kupikartizase.com.