Upcycle Motor Garage трансформираше Ducati 998 во ретро стил. Оригиналниот скелет на моторот е зачуван, додека пак каросеријата е преработка на онаа од Yamaha TZ 250 во карактеристична жолта боја. Но бидејќи во целост истата не одговарала на овој мотор таа е доработена од плексиглас. Издолжената задна подрамка која е целосно преработена и заменета е надополнета со кожно ретро седиште. Кокпитот не отстапува од тој на Ducati 998, но има мали модификации на сметка на модернизација, како дигитален мерач наместо брзинометар, LED светла. Кога станува збор за светлото од напред, мора да признаеме дека дава навистина уникатен изглед. Ducati Testastretta L-twin моторот е задржан, но издувниот систем од не’рѓосувачки челик е модифициран за да се добие подобар, агресивен звук.