Германската компанија за мобилност Unu лансираше нова верзија на својот стилски електричен скутер што го отвара патот за „micro- sharing”. Новите паметни електрични скутери се гледаат како чекор напред во урбаната мобилност. Unu Scooter сега доаѓа со доста интересна технологија вклучувајќи интегрирани екрани за навигација, дигитално споделување на клучеви и заштита од кражба.

Интегрираниот екран значи олеснување поради тоа што веќе за навигација не мора да се користи смартфонот. Апликацијата Unu исто така им овозможува на корисниците да споделат пристап до скутерот со своите пријатели и семејство, со што се можни шеми за пошироко споделување.

Unu Scooter

Во меѓувреме, новата функција за заштита од кражба им овозможува на корисниците да ја проверуваат локацијата и статусот на батеријата на нивниот скутер од далеку, па доколку дојде до кражба апликацијата го алармира сопственикот. За подобрување на перформансите компанијата соработува со Bosch и LG.

Unu Scooter располага со две батерии кои овозможуваат опсег до 100 километри, што е еквивалент на шест дневно возење. Големиот простор за складирање под седиштето го прави доста практичен. Визијата на компанијата е да им овозможи на луѓето да уживаат максимално во живеењето во град.

Покрај новата верзија на нивниот скутер Unu го располага и со Unu Classic Scooter кој доаѓа во малку поинаков дизајн, за вљубенците во ретро стилот.