Virgin Galactic ги здружи силите со производителот на спортска опрема Under Armour да дизајнира униформи за туристите кои се подготвени за вселенските патувања.

Според Ричард Бренсон, основачот на Virgin Group од која е дел Virgin Galactic, облеката игра клучна улога во целата иконографија кога станува збор за вселенското доба. Тој смета дека нашите визуелни впечатоци од луѓето кои патуваат во вселената и она што го носат астронаутите се неразделно поврзани.

Затоа, тој и даде задача на компанијата Under Armour да креира вселенска облека која ќе биде дизајнирана да ги поддржува „длабоките и трансформативните квалитети на човечкото искуство во вселенскиот лет“, која ќе се носи на патувањата.

Вселенските одела се изработени од лесни ткаенини кои се погодни за летање, со штитници за лактите, колената и во обувките, за да се обезбеди безбедност при нулта гравитација. Тие исто така се прилагодени за скеој астронаут и имаат знамиња од државите и значки за имињата, како што е традицијата.