Ulysse Nardin го претстави часовникот Freak X Razzle Dazzle кој ќе биде произведен во лимитирано издание од само 30 парчиња. Шемата позната како Razzle Dazzle, која се користела како камуфлажа на бродовите во Првата Светска Војна е инспирација за вител на контрастни бои за ова ремек дело на Ulysse Nardin. Како модел на кој се имплементира „камуфлажа“ е избран Ulysse Nardin Freak X. Декоративната плоча која се движи создава хипнотички танц додека се врти на секои 60 минути за да го означи времето, централниот мост делува како минутна стрелка, додека едното тркало ги означува часовите. Во внатрешноста е поставено UN-230, кој претставува спој на UN-118 и Freak Vision UN-250, со 72-часовна резерва и водоотпорност до 50m. Овој часовник доаѓа во две варијанти и тоа 43 милиметарско титаниумско куќиште со црна завршница и црн гумен ремен или бел кожен ремен.