Rolls-Royce неодамна го претстави својот специјално направен Boat Tail модел кој е најскапиот автомобил на светот, откако е продаден за 28 милиони долари. Но, како и секој автомобил, така и овој ултра луксузен примерок пристигнува со вграден часовник.

Сепак, со оглед на тоа дека е Rolls-Royce, јасно е дека часовникот не е обичен. Всушност, поскап е од голем број други автомобили и не е еден, туку два. Станува збор за специјално направени Bovet турбиони кои се прикачуваат во контролната табла и двата можат да се трансформираат од вграден часовник, во рачен аксесоар или џебен часовник.

Bovet

Овие два часовници, по еден за „него и неа“, се нарачни од купувачот кој е пасиониран Rolls-Royce и Bovet колекционер. Системот, кој три години бил развиван и е направен од алуминиум и титаниум, морал да мине низ тестови за вибрација, бучава, температура, влажност, па дури и тестови на издржливост на удар пред да биде одобрен. Во автомобилот е направена и специјална фиока обложена со кожа која е во согласност со остатокот од ентериерот на возилото која е наменета за часовниците, но и за резервните делови на истиот.

Врвен луксуз

Самите часовници се Amadeo турбиони со петдневна резерва на моќ, во новодизајнирани 44 милиметарски куќишта од 18-каратно бело злато. Едниот часовник е високо полиран, додека вториот е фино изгравиран и потоа исполнет со син лак.

Главните инструменти на секој од часовниците се одликуваат со рачно поставени дрвени елементи користејќи го истото Caleidolegno дрво кое се користи во автомобилот, како и името на секој од сопствениците. Вторите инструменти се уште поперсонализирани со тоа што добиваат рачно изгравирани микронацртана 18 скулптура од профилот на автомобилот во 18-каратно злато.

Bovet

„Како долгогодишен Rolls-Royce сопственик и вљубеник, јас сум навистина среќен што имам можност да работам на ваков специјален проект. Инженерите, дизајнерите, часовничарите и мајсторите во Bovet дадоа се од себе за да ги персонализираат овие исклучителни часовници за клиентите, интегрирајќи ги нивните желби и клучни елементи од специјално направениот автомобил“, изјави Паскал Рафи, сопственикот на Bovet.