Новата антологија Ultimate Collector Cars, во издание на Taschen, претставува 100 од најпосакуваните винтиџ автомобили меѓи колекционерите. Според авторите во оваа книга се собрани најретките, најпосакуваните и најколекционерски автомобили со вкупна вредност на автомобилите собрани во книгата проценета на над 1,2 милијарди американски долари. Автомобилите прикажани во книгата се врвни примероци од нивните брендови, а локациите се често непознати будејќи продажбата или приватните колеционерски збирки се чуваат во најголема тајност.

Alfa Romeo 8C 2900B MM Spider, 1938 За италијанската автомобилска компанија 1938 година беше клучна затоа што го означи враќањето на компанијата на автомобилските трки. Автомобилот Alfa Romeo 8C 2900B MM Spider бил дизајниран токму за тоа, со пет произведени примероци за настанот Mille Miglia. Овој конкретен пример е автомобилот што го возел победникот во трката, Клементе Биондети кој сега е во сопственост на Simeone Foundation Automotive Museum, Филаделфија.

Alfa Romeo 8C 2900B MM Spider- Michael Furman

 

Mercedes-Benz 300 SLR „Uhlenhaut Coupé”, 1955 Дизајниран од Рудолф Уленхаут, возен од Стирлинг Мос до победа на Mille Miglia во 1955 година. Произведени биле само два примерока, и двата сопственост на Mercedes-Benz Museum, секако највредниот автомобил во светот, и највредниот автомобил во книгата.

Mercedes-Benz 300 SLR Uhlenhaut Coupé Daimler AG, Mercedes-Benz Classic

 

Ferrari 290 MM, 1956 Според авторите еден од најубавите и најретките Ferrari автомобили на сите времиња. Само четири од овие автомобили биле некогаш произведени. Овој конкретен пример е оној кој го возел аргентинскиот возач Хуан Мануел Фанхио на Mille Miglia во 1956 година, каде тркачкиот тим Scuderia Ferrari со овој болид се пласирал на четвртото место, кога се очекувала победа.

 

Ferrari 290 MM, Tim Scott, courtesy of RM Sotheby’s

Ferrari 250 Testa Rossa, 1957 Контоверзен автомобил поради ниската, аеродинамична форма и лесно тело кое додава на неговата конкурентност. Произведени само 34 автомобили. Овој конкретен пример бил победник на „1,000 Kilometres of Buenos Aires“ во 1958 година, но исто така карактеристичен и од друга причина, црната боја.

 

Ferrari 250 Testa Rossa, Darin Schnabel, courtesy of RM Sotheby’s