Колку би било добро кога наместо пауза за 4 шолји кафе во текот на работното време, ќе можевте да искористите половина час квалитетен сон на некој удобен кауч некаде во ќошот од канцеларијата? Секоја чест на компаниите кои обезбедиле ваква опција за своите вработени. Останатите, имате супер алтернатива.
Изумот го потпишува Uplift Desk, компанија за изработка на интересни решенија на биро и маси за работа, а станува збор за еден вид лежалка која се прикачува на ногарките под бирото за стоење и обезбедува удобно место да украдете половина час сон или релаксација додека сте на работното место. Лежалката има куки кои се прикачуваат за страниците на бирото, изработена е од истиот материјал од кој се израбодуваат падобранците, а има и помошен џеб каде може да ги чувате телефонот и личните работи.