Ralph Lauren претстави нова јакна со технологија за греење која се контролира со помош на Bluetooth или RL Heat апликација. Mophie која се наоѓа во јакната обезбедува пристојно ниво на топлина а доколку се вклучи на најјако ниво пружа топлина во тек на три часа.

Поставата на јакната со мотив на американското знаме е печатена со високо напредни, проводни јаглеродни и сребрени мастила кои рамномерно ја распоредуваат топлината. Оваа јакна е доаѓа во два дизајна Polo 11 и Glacier Down Jacket. Први чест имаа да ја облечат и тестираат оваа јакна спортистите кои учествуваа на зимската Олимпијада. Но доколку сакате можете и Вие да ја имате, бидејќи јакната веќе е во продажба.

Ralph Lauren