Како што повеќето компании се адаптираат на целокупната ситуација така и Uber наоѓа начин како „да им помогне на возачите да најдат суштинска работа во овие денови“. Всушност компанијата започнува дев нови иницијативи Uber Direct и Uber Connect кои ќе понудат испорака на пакети, лекови и производи за домашни миленици на различни локации низ целиот свет.

Секако таму каде што има и секако ова започнува во избрани градови. За да се оствари ова компанијата преку Uber Direct се здружува со соодветни институции во градовите каде ќе почне иницијативата, на пример во Њујорк соработува со Владата за достава на лекарства за кои не е потребен рецепт, во Португалија работи со националната пошта за помош на достава на пакети, во Австралија нуди испорака на намирници за домашни миленици преку Pet Barn, City Farmers и Greencross Vets clinics.

Услугата Uber Connect нуди грижа за најблиските, односно корисниците можат да ја користат апликацијата за да испратат пакети за лична нега, хигиена, игра до семејството и пријателите. Компанијата за кратко време научи како најефикасно и одржливо да им служи на потребите на деловните активности, возачите, и потрошувачите.