Twitter го суспендираше профилот @realDonaldTrump иако имаше 88 милиони следбеници и над 57.000 твитови. Од Twitter изјавија дека до овој чекор е дојдено поради последните два твита:

The 75,000,000 great American Patriots who voted for me, AMERICA FIRST, and MAKE AMERICA GREAT AGAIN, will have a GIANT VOICE long into the future. They will not be disrespected or treated unfairly in any way, shape or form!!!

и

To all of those who have asked, I will not be going to the Inauguration on January 20th.

За овие два твита Twitter одлучи дека ги прекршуваат рамките на нивната политика насловени како „Глорификација на насилството”, односно дека ги охрабрува и поттикнува луѓето да извршуваат криминалните дела, како настанот кој се случи на 6-ти Јануари 2021 година.