Ова би била прва номинација за Оскар на Тунис. Дел мрачна сатира, дел романтична драма, филмот „The Man Who Sold His Skin“ ја раскажува приказната за сириски бегалец Сем Али (Јахја Махајни- Yahya Mahayni), кој има можност да патува низ Европа благодарение на Фаустов пакт. Станува збор за интересна приказна која раскажува за современ уметник кој ќе истетовира европска шенгенска виза преку грбот на Али кој пак добива можност да ги премине меѓународните граници како живо уметничко дело. Тунискиот писател-режисер Каутер Бен Ханија (Kaouther Ben Hania) со овој филм не нурнува во два контрастни света- бегалци и современа уметност. Приказната е делумно инспирирана од реалната приказна за белгиецот Тим ​​Штајнер, а дејствието е снимано во Франција, Белгија и Тунис. „The Man Who Sold His Skin“ е во потесниот избор во категоријата Меѓународен игран филм за Оскарите, што ќе се одржи на 25 април. Покрај главниот херој Јахја Махајни во филмот игра и Моника Белучи.