Во чест на ова, може да се напиете уште една чаша. Според истражувањата, црвеното вино ја подобрува работата на дигестивниот систем.
Постојат неколку добри истражувања кои сугерираат дека пиењето црвено вино е добро за човековото здравје. Досега е откриено дека една до две чаши црвено вино, ја подобрува активноста на мозокот, помага при борбата со анксиозност и депресија и го зголемува либидото. Да не зборуваме дека прави да изгледате помлади и влијае на долговечноста.
За оние љубители на виното, на кои им е потребна уште една причина за да се напијат умерено, постои уште едно, ново истражување. Ова го потпишува Кралскиот колеџ во Лондон. Според него, луѓето кои консумираат црвено вино, имаат повисок степен на разновидни добри микроби во цревата.
Добрите микроби во цревата се всушност добри бактерии кои ја сочинуваат здравата цревна флора. Тие го потпомагаат имунилошкиот систем, го забрзуваат метаболизмот за варање на несварливите компоненти од храната, ја потпомагаат апсорбцијата на витамините и минералите.
За целта на ова истражување, истражувачите ја испитале цревната флора кај повеќе од 3.000 консументи на алкохол во САД, Обединетото Кралство и Холандија. Ги испитувале ефектите од пиење пиво, ликер, бело и црвено вино врз цревната флора.
Резултатите покажале дека црвеното вино има најголемо позитивно влијание врз цревната флора, независно од возраста, тежината и целокупното здравје.
„Иако ја набљудувавме врската помеѓу црвеното вино и бактериите во цревната флора, пиењетто црвено вино ретко, на пример еднаш на две недели, придонесува за ефект. Ако треба да изберете еден пијалак денес, нека биде тоа чаша црвено вино“, вели авторката на истражувањето Каролин Ле Рој.
Останува да се истражи зошто доаѓа до вакви резултати, иако научниците се сомневаат дека тоа се должи на полифенолите, компоненти кои се наоѓаат во лушпата на црното грозје, а кои влијаат антивоспалително и како антиоксиданси.