Црвеното месо доби лоша репутација последниве неколку месеци. Во најголем дел, тоа беше поради неколкуте предупредувања дека е неговата консумација е тесно поврзана со здравствени проблеми, вклучувајќи и канцерогени заболувања.
Но, два универзитети од Канада на крајот на месец септември објавија истражување кое фрли сенка на канцерогените заболувања и даде зелено светло за љубителите на црвеното месо ширум светот.
„Голем дел од луѓето можат да консумираат црвено месо како и досега, бидејќи истото има многу мало штетно влијание врз здравјето на човекот“, велат авторите во истражувањето. 54 илјади луѓе учествувале во истражувањето, а не е пронајдена никаква статистички значајност помеѓу консумацијата на црвено месо и ризикот од срцеви заболувања, дијабетес или канцер.
Истражувачите ги откривале и причините зошто некои луѓе консумираат повеќе црвено месо од останатите. Дошле до заклучок дека го гледаат како здрава храна, им се допаѓа вкусот и не сакаат да ја менуваат својата исхрана.
Истражувањето наидува на критики ширум целиот свет, особено поради тоа што досега многу истражувања го направиле спротивното. Додека не добиеме една, универзална вистина, повремено уживајте во омиленото парче хамбургер. Она што го јадете умерено, нема да ве умре.