Тим истражувачи во Јужна Кореја развиваат сет тркала кои го менуваат обликот во големина, а е инспирирана од оригами. Истражувачи и инжењери од Hankook Tire & Technology Co Ltd, Seoul university и Harvard, врз основа на односот на тежината, оптоварувањето, мекоста и флексибилноста, успеаа да создадат тркала кои ќе се трансформираат и ќе бидат способни да носат голем товар. Овие тркала можат да бидат големи и робусни наменети за оф-роуд терени и мали и мазни, со едноставно преклопување. Концептот е развиен врз основа на „waterbomb“ оригами шемата. Овој концепт се развивал скоро една деценија, за да може на крај да се добие целосно функционален сет кој варира во дијаметар од 46 до 80 сантиметри. Можат да носат цело возило, а се направени од флексибилна, трослојна мембрана и ласерски исечени алуминиумски панели.