Покрај автомобилите на Aston Martin и новиот Land Rover Defender, свое место под сонцето во најновиот филм за Џејмс Бонд, No Time to Die најдоа и мотоциклите на Triumph кои ќе бидат дел од френетичните сцени со бркотници. За среќа на вљубениците во мотоциклите и оние кои посакуваат да му оддадат почит на 25-тиот филм за британскиот таен агент, британскиот производител ќе произведе 250 единици од специјалната Scrambler 1200 Bond Edition серија.

Базиран на Triumph Scrambler 1200 XE, новата лимитирана серија на мотоцикл е опремена со неколку детали и потсетиници за Џејмс Бонд. Ексклузивните дизајнерски елементи вклучуваат и завршна облога на панелот на долната страна со 007, врвно кожно седиште украсено со Bond Edition, како и табличка на ауспухот кој исто така пристигнува со препознатливиот број на најпознатиот шпиун на светот.

Најинтересниот детал на овој мотоцикл веројатно е стартувачката слика на TFT инструменталниот екран кој ја прикажува легендарната сцена од почетокот на секој филм на Џејмс Бонд со буренцето од пиштолот. Мотоциклот исто така пристигнува во истата боја во која е обоен мотоциклот кој ќе го управува Даниел Крег во филмот со сите детали обоени во црно.


Инспириран од мотоциклот кој ќе се појави во No Time to Die

Визуелните надградби на овој Triumph Scrambler 1200 Bond Edition се заокружуваат со златните акценти, значките на моторот, светлата за магла со црни елоксирани обвивки, решетка за светлата со не’рѓосувачки челик и придушувач за издувниот систем со карбонски завршетоци.

Во јадрото на Bond Edition Triumf Scrambler 1200 се наоѓа мотор со 1.200 кубни сантиметри со 8 вентили кој испорачува 89 КС кои се испорачуваат преку шестстепен менувач. Покрај петте режими на возење – Road, Rain, Off-Road, Sport и Rider – Triumph Scrambler 1200 Bond Edition исто така содржи и Off-Road Pro кој е опишан како „нај офроуд фокусиранo поставување за напредно авантуристичко возење“. Останати клучни карактеристики се и ABS системот, cruise control, фул LED осветлување, бесконтактно палење, порт за USB и My Triumph систем за конективност и апликација, што им овозможува на возачите да ја контролираат музиката, телефонските повици, навигацијата и GoPro камерата.

Triumph Scrambler 1200

Triumph Scrambler 1200 Bond Edition има цена од 18.500 долари, но за жал сите 250 модели веќе се продадени.