Од 2007 година подморниците на Triton создаваат пловни објекти способни да патуваат до речиси еден километар под вода, што им овозможува на истражувачите да ги откријат некои од најдлабоките делови на океанот. Компанијата од Флорида сега го прикажа своето последно остварување – туристичка подморница за 26 патници, вклучително пилот и копилот, наречена Triton Deepview 24.

Triton Deepview 24 туристичката подморница им нуди на клиентите незаборавни авантури. Направена од акрилни пресеци, оваа модуларна подморница може да ги однесе туристите до длабоична од 100 метри, овозможувајќи панорамски подводен поглед благодарение на масивните прозорци кои се протегаат од подот до покривот на подморницата. Овој пловен објект може да остане под вода 12 часа, а цената е импресивни 7,7 милиони долари, но и покрај тоа ќе морате да чекате 18 месеци за да го добиете своето пловило.

„Triton Deepview 24 со својот панорамски поглед претставува квантен скок напред во подморничката технологија, обезбедувајќи значително подобрено, целосно подводно искуство за гостите“, изјави Брус Џоунс, ко-основач и извршен директор на Triton Submarines. „Од сите 60 туристички подморници кои работеле во изминатите 34 години, Deepview 24 е комплетно супериорен во секој аспект“.

Triton Deepview 24

Препознатливи по своите привлечни подморници, Triton го револуционизираше начинот на работење на океанскиот туризам. Новиот Deepview опсег нуди различни големини во кои можат да се сместат од шест до 66 патници благодарение на модуларниот дизајн. Секој модул е направен од акрилен транспарентен дел и шест седишта. Објектот е тивок и незагадувачки, произведувајќи нула емисија на CO2.