Дон Саладино е легендарен личен тренер од Њујорк, кој со својата работа им помогнал на голем број ѕвезди да ја достигнат својата врвна физичка форма, пред се за оние актери кои имаат потреба за одлична подготовка за филмовите во кои глумат суперхерои.
Меѓу овие имиња се наоѓаат Хју Џекман за улогата на Wolverine, Скарлет Јохансон за Black Widow, Рајан Рејнолдс за улогата на Deadpool, Себастијан Стан за Winter Soldier и Дејвид Харбор за улогата на Hellboy, меѓу останатите.
Иако овој стручњак дели голем број на совети и увиди поврзани за овие телесни трансформации и достигнување на одлична форма преку своите профили на социјалните мрежи и YouTube каналот, во своето последно видео, Саладино се фокусира на постигнување на реалистично губење на масти на пристапен и одржлив начин. Овојпат, тренерот дели совети и трикови кои всушност не бараат употреба на комплексна опрема или одење во теретана, што е мошне корисно за сите оние кои на брзина сакаат да направат нешто корисно за своето тело во рамките на својот ентериер.
Чекори, чекори, чекори…
Првата работа која Саладино ја истакнува кога станува збор за достигнување на добра форма е термогенезата на активности неповрзани за вежбањето, што се однесува на било која физичка активност во нашите секојдневни рутини кои не се вежбање, односно од лесна прошетка до заминување по кафе или домашни обврски.
„Со едноставни зборови, чекори!“, вели тренерот нагласувајќи дека нашите дневни бројки на чекори се едноставен, но мошне ефективен начин за ниско влијание на горење на калориите, особено кога стартуваме со ниски цифри, за кои Саладино тврди дека се наоѓаат на идеална точка некаде околу 10.000 или повеќе.
Умереност и доследност
Втора важна работа е укинување на целата преработена храна во текот на шест и пол дена во неделата. „Ќе се чувствуваме како да се откажуваме од работи кои ги сакаме“, додаде тренерот. „Не сакам да го правите тоа, бидејќи верувам во умереноста, но и доследноста, така што не препорачувам cheat оброци секој втор ден, поради тоа што е потребно вашето тело да биде во можност да реагира и да одговара на исхраната. Ова е мошне лесно да се сруши со само еден оброк. Во овој случај, не станува збор за тоа да бидеме совршени цело време, туку да изградиме доследност“.
Уште една важна работа која е важно да се разгледа за време на диетата е внесот на протеини. „Сакам се да градам околу протеините кога станува збор за мојата исхрана“, вели Саладино. „Јаглехидратите и мастите, кои се вашите енергетски извори, можеби мораат да бидат манипулирани од ден во ден, но протеините се нешто што секогаш мораат да бидат константа. Сметам дека насокоата која сите би требало да ја следат, мажи и жени, е еден грам по килограм“.
Хидратација
Хидратацијата е вториот мошне важен фактор, додека Саладино предлага да се конзумираат по 0,02 литри вода по килограм дневно. Ова значи дека, доколку имате 90 килограми, потребно е да пиете околу три литри вода дневно. На овој начин ќе го забрзате својот метаболизам, да ја исфрлите нечистотијата и исто така, да помогнете при задржувањето на водата“.
Поправувањето на квалитетот на сонот е уште една од важните ставки кои често ги занемаруваме при губењето на килажата, објаснува Саладино. „Нашите тела се регенерираат за време на спиењето. Ние нафрламе мускули додека спиеме и се опоравуваме. Нашите тела се лечат преку процес на спиење, нашите хормони се регенерираат и стануваат посилни, нашите тела стануваат поефикасни кога станува збор за енергијата и во горењето на маснотиите“.