Од клучевите, до она парче хартија кое го имавте пред 2 секунди во раката. Работите се губат, а ваша должност е да ја подобрите меморијата со следните природни поттикнувачи.

Прашањето кое се поставува денес е дали природните производи кои ни се дел од навиката (како пиењето кафе) може да ја подобрат меморијата? Д-р Мурали Дораисвами, од Универзитетот Дјук, вели дека е возможно. Во продолжение, производи и стратегии/навики кои можат да ви ја подобрат меморијата

Кофеин: Кратко еспресо пред важен состанок ќе ви помогне да ги апсорбирате важните факти. 

Постење: Постењето може да поттикне излачување на специјални хемикалии во мозокот кои ги штитат врските на меморијата. 

Крстозбори: Ви помагаат да се концентрирате и да се сетите на ретко користени зборови. Ова ќе ве направи подобри во решавање загатки и логичности.

Музицирање: Создавањето музика го подобрува фокусот. Пеењето во таа комбинација е уште подобро. Има разлика меѓу кажани и испеани зборови, а испеаните се помнат полесно. 

Сон: Мозокот е како библиотекар кој во текот на ноќта ги архивира информациите од денот. Без него, сте изгубени. 

Рибино масло: Омега 3 масните киселини во рибата помагаат при создавање на сивата маса во мозокот и ја подобруваат белата. 

Какао:  Според недамнешно истражување 500 мг какао ја подобрува меморијата, а се претпоставува дека причина за тоа се антивоспалителните дејства на истото. 

Гинко билоба: Ја подобрува деменцијата кај постарите лица, па можно е да влијае позитивно на помнењето и кај помладите.