И да не сте многу вешти со ножевите во кујната, а дури и изненадувачки добро да ви оди, овие неколку трикови и грешки кои можете да ги поправите и кои ќе ви послужат да се чувствувате како Gordon Ramsey.
Не ја почитувате пропишаната температура. Ако рецептот вели дека храната треба да се пече во рерната еден час на 180 степени, тоа што ќе ја ставите 35 минути на 220 степени, нема соодветно да ја заврши работата.
Користете термометар кога готвите месо. Така ќе бидете сигурни дека сте го погодиле готвењето па месото ќе ви биде таман печено по ваш вкус. Освен тоа, оставете го месото да отстои пред да го сервирате, онолку време колку што сте го готвеле.
Не ставајте масло во водата за тестенини. Без разлика каков вид тестенини готвите, ако планирате да ги послужите/готвите со сос (а се надевам дека планирате) избегнете го маслото во солената вода која врие. Наместо да го впијат сосот, истиот ќе се лизне од тестенините варени во масло.
Кромидот сечкајте го ладен. Ако сакате да се поштедите од солзи, претходно оладете го кромидот, а потоа исечкајте го.
Кромидот и лукот не одат заедно. Одат, но не истовремено. На кромидот му се потребни околу 8 минути за да омекне, додека на лукот околу 30 секунди. Не ги додавајте во иста тава истовремено.
Инвестирајте во добри ножеви. Честа грешка е користење еден ист нож за сите работи. Ножот за леб не е наменет за сечење месо.
Ориз на погрешен начин. Ако на крајот на готвењето треба да го исцедите оризот, дефинитивно правите нешто погрешно. 470 мл вода за секои 200 гр ориз е точната мерка.
Тотален хаос. Раскревајте, чистете, бришете како што готвите. Освен тоа, пред да почнете со готвење, извадете ги и измерете ги сите потребни состојки. Ако среде готвење ви текне дека треба да рендате кашкавал, веројатноста дека нешто ќе се превари/препече е голема.
Совршено зготвено јајце. Најважната работа кога варите јајце е да не го ставите во ладна вода. Оставете водата да почне да врие, а потоа додадете го јајцето.
Зачинете соодветно. Ако сакате јадењето да има богати вкусови, зачините додадете ги во маслото или путерот.
Топла чинија. Не сервирајте го топлиот оброк на студена чинија. Затоплете ја пред сервирање.
Експериментирајте. Само затоа што сте наишле на добар рецепт за рижото, не значи дека треба да престанете да барате. Испробајте нови начини, експериментирајте.