Трите добро познати класики на Converse, добиваат подобрени материјали кои ќе овозможат прилагодување на ногата и издржливост, познати под ознаката CX. Оваа ознака ја вовел Marquis Converse кој во 1915 година како основач на Converse и сопственик на истоимена компанија за производство на гума, вовел премиум линија на производи со CX.
Денес компанијата во сопственост на NIKE ја користат оваа ознака за материјали кои ќе го трансформираат начинот на кој се направени обувките од овој бренд. All Star Disrupt CX на 19-ти Март ќе се појават на веб страната на Converse во повеќе бои, додека за Chuck Taylor All Star CX и Chuck Taylor CX не е најавен датум на нивно лансирање, но се очекува тоа да се случи кратко по 19-ти Март.
Денес на ревија во Париз ќе биде претставена верзијата All Star Disrupt CX, наречена TheSoloist, која е дизајнирана во соработка со Јапонскиот дизајнер Такахиро Мијашита.