Од пирамиди, облакодери, музеи, креативноста и инженерството вклучени во архитектурата. Стакло, челик, бетон… не е битно каков материјал се користел кога ќе видите објект кој ви го одзема здивот бидејќи ја отсликува намената совршено.

Капелата Bosjes дизајнирана од Steyn Studio (Западен Кејп, Јужна Африка)- „Првично сакав да создадам стравопочит со правење на тежок објект кој ќе лебди, како држен од некаква божествена моќ, истовремено вметнувајќи доволно доверба за некој да влезе во него“, се зборовите на директорот и основачот на Steyn Studio. Ова било потикнато од библиските стихови, Псалм 36:7, „Колку е драгоцена твојата милост (љубов), о Боже! Во сенката на крилјата твои наоѓаат прибежиште синовите човечки.”, кои клиентите ги доставиле во компанијата. За да го изградат објектот архитектите користеле армиран бетон, ламинирано стакло и терацо под. Овој објект лоциран на лозје во Јужна Африка, има неверојатен поглед кон надвор и совршено се вклопува во околината.

Parkroyal Collection Pickering дизајнирано од WOHA (Сингапур)– Луксузен хотел во Сингапур дизајниран од WOHA е осмислен како продолжување на Hong Lim Park поради балконите покриени со тропски растенија. Овој објект сместен во централниот дел на Сингапур има за цел да даде чувство на отвореност така што растителниот свет нема да дејствува како проводник туку ќе даде чувство на реална природа, па така тука можете да сретнете бонсаи растенија, направени да имитираат природни пејзажи, формации на планински карпи, оризови полиња. За наводнување се користи автоматски соларен погон, а исто така постои и систем за задржување и филтрирање на дождовницата која помага во намалување на непотребна потрошувачка на вода.

Gallery of Furniture дизајнирана од Chybík + Krištof (Брно-Винохради, Чешка)- не среќаваме ваков објект кој не може а да не се забележи. Едноставно фасада на која има 900 исти пластични столчиња. „Инспирацијата за дизајнот произлезе од потребата да се најде економски ефикасно решение за проблемот, ново лице на изложбен салон“, вели еден од двајцата основачи на компанијата. Целта на објектот била да ги промовираат услугите кои ги нудат, но на ненаметлив начин.