Во принцип секогаш кога мислиме на иднината, индиректно се надоврзува и мислата за тоа како би изгледала и архитектурата во неа. Сите заедно сме сведоци и обожаватели на ново компонираните филмови исполнети со фантазија, нереални суштества со одредени моќи и секако вселенските бродови со нивната екстравагантна форма и технологија.
И да, најверојатно од овде започнува стремежот на човечкото око/ односно публиката/за нешто ново, оригинално и артистично. Тековните творби на архитектите и веќе не се толку далеку од очекувањата на младата генерација за нешто извонземно, толку извонземно што би го задоволил апетитот на сите нас. Од кули со ротирачки спратови до невидливи градби.
1. Хипнотички мостови
Импресивното во оваа творба на уметността е токму тоа што станува збор за монументална градба која е наменета единствено за пешаци. Инспирацијата доаѓа од древната кинеска култура или поточно орнамент кој е исплетен на принципот Möbius или т.н. прстен везење кој наликува на човечката ДНК.
Три од масивните метални ленти „лебдат” во воздухот, со други зборови формираат асиметрична перфорираност на самото дело- дело кое е добитник на прва награда на престижен интренационален натпревар. Мостот се наоѓа на реката „Кралот змеј Харбор“ во Кина и е изработка на NEXT Architects.
2. Ротирачки облакодери
Ова фантастично ремек – дело од осумдесет спратови е творба на познатиот архитект Дејвид Фишер, кој истиот го има проектирано уште во 2008-та година. Облакодерот е со динамична и функционална градба која освен што ќе ротира за 360 степени на секои 90 минути, исто така е програмиран да создава своја лична електрична енергија со која ќе се снабдува целиот комплекс.
Архитектурното дело е опремено со специални лифтови за автомобили, чиишто снобственици слободно ќе можат да ги дислоцираат, од земјата до нивниот пентхаус. За жал прекрасниот проект е сеуште нереализиран на почвата на Дубаи, таму каде што првично и идејно беше позициониран.
3. Невидливи градби
Да, точно во Јужна Кореја се разви оваа интересна технологија која би била дефинитивен тренд во архитектурата и тоа во блиска иднина. Фамозната CNN пред неколку години, поточно во 2013 г., на својот портал постираше статија за начинот на изградба на овој артистичен феномен.
Во деталната објава, на светско познатата медиумска куќа, главниот акцент падна врз LED екраните кои ќе бидат главниот градежен и технолошки материјал, во функција на фасада, за изградба на ова творба на уметността.
Невидливостта на објектот ќе биде овозможена со серија камери кои директно ќе ѓи рефлекитараат, на LED екраните во реално време, природата или пејсажот со кои е обкружена самата градба.
4. 3D- печатење како декоративност во ентериер
Слободно можеме да заборавиме на веќе постоечките принципи на уредување на ентериер затоа што ги имаме извонредните архитекти- Мајкл Хансмејер и Бенјамин Дилененбенер.
Артисти на кои особено треба да им се заблагодариме за воведувањето на тродимензионалното печатење во декоративното внатрешно уредување. Проектот „Дигитални гротески” на дуото, е 3D отпечатено во цела соба од 16 метри квадратни.
Скулптуралниот пејсаж потсеќа на футуристична катедрала, додека ние цитираме дел од нивната теза: „Наша цел е да создадеме архитектура која ќе се спротистави на досегашните, веќе видени и поставени стандарди во неа“, се вели во веб-страницата на групата.
„Дигиталниот гротеск е нешто измеѓу хаосот и хармонијата, природно и вештачко, ниту познато ниту непознато. Секоја авторска интерпретација на природата или на одреден стил од архитектурата, нецелосно се интегрира во процесот на дизајнирање, туку се евоцираат само како асоцијација во окото на гледачот”.