Пандемијата со Ковид-19 е непобитен фактор за катастрофа на туристичката индустрија, но за оние кои можат да си го дозволат тоа, празниците само ќе бидат одложени, резервациите направени во иднина во време кога повторно би било безбедно да се лета.

Авиокомпаниите и хотелите се среќни што можеа да понудат бесплатна промена на резервацијата, бидејќи така надежта останува дека се ќе се врати во нормала. Иако се чувствува како туристичката индустрија да мирува, но зад сцена тоа не е така.

Исто како што рестораните и баровите кои ги преживуваат месеците на социјално растојание, ќе бидат наградени кога на луѓето конечно ќе им биде дозволено повторно да излезат од своите куќи, така и хотелите и авиокомпаниите чекаат луѓето да ја прифатат својата повторна слобода и желба да го видат светот повторно. Еве неколку трендови на патување во оваа сфера во ерата на коронавирусот:

1. Намалени одмори

Во обид да се генерираат краткорочни приходи, многу туристички компании продаваат неверојатни пакети за да ги искушат луѓето да ги резервираат идните одмори. На пример некои туристички агенции веќе почнаа да нудат 40 проценти попуст на аранжман за Малдивите.

2. Продажба на лет

На крајот на март, Easyjet целосно ги приземји своите авиони, но тоа не го спречи да продава ефтини летови од 30 фунти до низа европски дестинации за меѓу периодите од октомври 2020 до февруари 2021 година.

3. Short-notice патувања

Не секој е сигурен во датумите кои се достапни за патување, па така битно е да се биде подготвен да се резервира датум веднаш штом ќе бидат укинати ограничувањата за патување. Вака можат да се направат добри зделки, бидејќи ситуацијата со цените може многу лесно да се промени и да има драматично прилагодување на цената со динамичната побарувачка.

4. Луксузно повлекување

Богатите луѓе го искористија овој момент да уживаат во некои луксузни одмаралишта, изолирани.

5. Виртуелно патување

Можете да одите на виртуелна турнеја низ фабриката на Audi во Инголштат, Германија или да изучувате салса во живо во Порто Рико, едноставно од вашиот лаптоп…

Трендови на патување

6. Патување од соништата

Сега е време како да го планирате вашето патување од соништата, што значи дека тоа е идеална можност за туристички компании, да влијаат преку социјалните медиуми и издавачите на списанија со што би ги инспирирале луѓето. Клуч ќе биде фокусирањето на дестинациите за кои ќе бидат безбедени за патување во наредните месеци, така што за оние во Велика Британија, Европа ќе биде побезбедна отколку, да речеме, Индија, која подолго ќе се справи со кризата.

Со тоа што Јапонија ги одложи Олимписките игри до 2021 година, ова значи потенцијално поевтино престојување во 2020 година, додека Италија ќе биде фаворизирана бидејќи луѓето ќе ја посетуваат со цел да помогнат во заживување на нејзината економија. Од друга страна потрошувачката е сведена на минимум во ова време, но имајте во предвид дека скромните мини-паузи ќе бидат заменети за експанзија кога станува збор за патувањето во пост-коронавирусниот свет.

7. Невидена флексибилност на резервациите

Бидејќи авиокомпаниите, хотелите и туристичките компании се соочуваат со голема егзистенцијална закана, тие треба да понудат невидени нивоа на флексибилност кога станува збор за правење промени во резервацијата, бидејќи повеќето не се подготвени да понудат поврат на веќе направените резервации.

8. Продолжување на елитниот статус

Луксузните авиокомпании како Qatar Airways, поради зголемените патни ограничувања изјавија дека нивните Privilege Club членови нема да го изгубат нивниот статус, туку дека им го продолжуваат или обновива членството. Ова се случува и со други вакви авиокомпании бидејќи секој се труди во вакво време да си ги задржи своите клиенти.

9. Ваучери за патувања

Секаде во светот туристичките агенции ги мотивираат своите клиенти да не се откажуваат од патувањата. На пример туристичка агенција од Шкотска нуди ваучер во вредност од 1.000 фунти, кој ќе го купите сега а ќе го искористите кога ќе сакате за патување, авантура или дури оброк во некој ресторан. Истото го применува и Atlantic Hotel во Џерси. А да не заборавиме дека ваквите ваучери се добар подарок.

10. Зимски одмор

Резервацијата на за зимски одмор се чини како безбеден потег. Според компанијата Sojern, забележан е скок во пребарувањата за патувања за јануари 2021 година на релација Велика Британија-Шпанија со пораст од околу 1.626 проценти.

Размислете, можеби сега е вистинскиот момент за позитивна мисла и акција…