Италијанското студио Peter Pichler Architecture ќе ја направи Австрија дом на хотел со седум ѕвезди Tree Suites, кој е совршено прибежиште за оние кои бараат нешто ново надвор од обичното. Проектот би бил лоциран во близина на градот Кицбухел, а поради висината на која се изградени апартманите, гостите би добиле уникатен поглед на дрвја покриени со снег.
До апартманите кои се со големина од 60 до 80 метри квадратни се стига со стаклени лифтови, а можност да добијат сауна ќе им само оние кои ќе резервираат поголем простор. Секоја кабина е сместена на врвот од дрвена кула, а за да не се занемари традиционалниот момент, секоја кабина има покрив во согласност со традиционалните стилови на архитектурата во регионот.
Интересен е ставот на компанијата која вели дека треба да се активира употребата на едноставни и локални материјали, а притоа да се забави од брзото секојдневие и да се живее секој момент. Овој вид на повлекување всушност е трендот на туризмот каде социјалното дистанцирање игра голема улога.