Во соработка со компании како Booking.com, Ctrip, Skyscanner, TripAdvisor и Visa, Принцот Хари го најави лансирањето на својот најнов проект – иницијативата за одржливо патување наречена Travalyst. Главната цел на иницијативата е пронаоѓање нови решенија за заштита на животната средина и различните култури ширум светот, кои прекумерниот тураз и патувањата знаат да ги доведат во опасност. Тука спаѓаат загрозувањето на животинскиот свет, нарушување на екосистемите и глобалното затоплување. 

TRAVALYSTTravalyst ќе се занимава со едуцирање на луѓето кои патуваат за одговорноста од нивното патување, но и за аспектите од патувањето како долги интернационални летови, користењето на пласика за еднократна употреба или поддржување и користење на услугите на авиокомпании кои не водат доволно грижа за планетата. 

Во соработка со ресторани и хотели ширум светот, Travalyst ќе се погрижи истите да имаат поеколошки пристап, па така некои од хотелите како IHG и Marriott го најавија исфрлувањето на мали пластични шишенца за козметички производи од употреба. Авиокомпании, меѓу кои и холандската KLM покренаа рекламна кампања, советувајќи ги своите клиенти, ако се во можност, да земат предвид средство за транспорт поинакво од авионот, како воз и слично.

TRAVALYST„Понекогаш, сакајќи да ја возвишиме убавината на планетата, ја засилуваме нејзината нежност. Тоа е голем парадокс, но сме ентузијасти дека патувањето може да биде совесно и за планетата и за зачувување на локалната култура“, изјави Војводата од Сасекс.