Опуштете се и уживајте во овие супер едноставни и топли напитоци. Подготвени за помалку од 3 минути, овие високо-енергетски напитоци ќе ја одржуваат енергијата на Вашето тело на оптимално ниво и ќе ве загреат! Воедно протеините во прав додаваат доволно сладост така што нема потреба од никакви додадени засладувачи.

1. Црн или хербален чај

Направете си го омилениот чај, оставете малку да се олади. Ставете го во блендер и додадете го омилениот чоколаден протеин и блендирајте 1-2 мин.

2. Зелен чај

Доза кофеин сигурно ќе ви ги разубави дождливите утра. Додадете го зелениот чај во блендер, додадете доза протеин од ванила, ¼ авокадо и една рака малини.

3. Мока кафе

Направете го омиленото кафе и ставете го во блендер, додадете доза протеин од чоколадо, 1 лажичка кокосово масло и ¼ лажичка мака.

Храна која го зајакнува имунитетниот систем

Цитруси (цитрон, портокал, лимон, мандарини) – бидејќи содржат висока доза на витамин Ц;

Брокули – содржи витамин А, Ц и Е како и антиоксиданси и влакна;

Лук – содржи голема концентрација на алицин и е еден од најмоќните зајакнувачи на имунитетот;

Ѓумбир – брзо го намалува воспалението и ја намалува хроничната болка;

Спанаќ – богат е со витамин Ц, антиоксиданси и каротен;

Јогурт – богат е со пробиотици;

Бадеми- содржат голема количина на витамин Е, препорачана дневна доза е една рака;

Куркума – позната по своето против воспалително дејство;