Додавањето на зборовите „ограничено издание“ не секогаш значи дека станува збор за подобра пура, но сепак кажува дека има нешто посебно во неа. Може да биде завиткана во обвивка од ретка жетва, уникатната форма, претставува некаков јубилеј… Годишно се лансираат многу „Limited Edition” пури, на пример Avo на самиот роденден, секој 22-ри Март, лансира вакви пури, Punch Rare Corojo лансира вакви изданија секој Април со различна форма, Camacho Liberty за денот на независноста…
Постојат производители кои пуштаат пури со ограничено издание, дури и ако тие не се означени како такви, како што е Muestra de Saka Nacatamale, додека некои производители прават доволни количини па ја одржуваат побарувачката подолго време.
Големина/пакување: 6″ x 52 Toro (кутија)
Јачина: Средна/полна
Обвивка: Еквадор
Биндер: Доминиканска Република
Филер: Доминиканска Република, Перу
Производство: 2.500 кутии/ 20 пури
Покрај извонредната занаетчиска работа, пурите на овој бренд имаат одредени карактеристики што се однесуваат на нивниот вкус кој е конзистентен и кремаст, дрвенест и зачинет. Таа нијанса на вкус се должи на пакувањето што ја прават секоја цигара уникатна.
2. Casa Fernandez Miami Aniversario 2018 Perfecto
Големиа/пакување: 6¼” x 52 (Figurado)
Јачина: Средна/полна
Обвивка: Nicaraguan Corojo ’98 (5 годишна)
Биндер: Никарагва
Филер: Никарагва
Производство: 250 кутии/ 10 пури
Овие рачно изработени, добро избалансирани пури, започнуваат со земјен и пиперкаст вкус кој потоа се заокружува на основата од многу чист и богат природен вкус на тутун.
3. Court Reserve XVIII Full Court Press LE 2019
Големина/ пакување: 5 7/8″ x 52 (кутија)
Јачина: Полн
Обвивка: мексикански San Andrés Maduro
Биндер: Еквадор
Филер: Никарагва
Производство: 1.700 кутии/ 12 пури
Посветено на лојалните обожаватели на Crowned Heads Cigars, е величествен пример за арома. Земјен и сладок на почеток, пурата носи слоеви на влажен цитрус, бибер и дрво во мешавината и масата од кремаст чад.