Глобалниот бренд амбасадор и шесткратен светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, нуди релативен стил за модерната ера со колекцијата TommyxLewis за сезоната Есен/ Зима 2020. Тесната линија помеѓу наследството на Tommy Hilfiger и унисекс облеката која ги руши бариерите за возраста, полот, етничкото потекло и типот на телото е добро претставена во оваа колекција.

Покрај оваа битна страна по која решил модниот бренд Tommy Hilfiger да оди со новата колекција, TommyxLewis овој пат крие поголема слика во позадина. Одржливоста е центар на колекцијата со 100% рециклиран тексас, post-consumer материјали и органски памук. Поради целата приказна која се криев во оваа колекција, некои парчиња го носат слоганот „Create Unity”.