Минатогодишната верзија на филмската адаптација на видео играта Tomb Raider со Alicia Vikander во главната улога, не ги исполни сите очекувања од кино салите и заработи само 58 милиони. Некои критичари тоа го припишаа на вртоглавиот и изненадувачки успех на филмот Black Panther, чија заработка успеа да ги засени не само Tomb Raider, туку и A Wrinkle in Time, Red Sparrow, Ready Player One.
Можеби токму затоа, Warner Bros и MGM решија да продолжат понатаму и да и’ дадат на актерката Vikander уште една шанса во улогата на Lara Croft. Режијата овој пат ќе ја потпише Ben Wheatley, а се’ уште не е познато која верзија од видео играта ќе биде искористена како инспирација, ако сценаристите се решат воопшто на таков чекор. Се очекува филмот да ја доживее премиерата на продолжението на 19 март 2020 година.