За само 6 месеци од сега, Том Круз се враќа на пилотското седиште во новиот Top Gun: Maverick. 

По 30 години служба како авијатичар на најдобрата морнарица Пит Маверик Мичел (Том Круз) е онаму каде што треба да биде – ги обучува новите регрути на Top Gun. Правејќи го тоа, за одредена мисија, се соочува со неизвезна иднина и духови од минатото, ставајќи се во конфликт со најдлабоките стравови. 

Премиерата е закажана за 26.06.2020

Режијата на филмот ја потпишува Џозеф Косински, а во останатите улоги, освен Круз се јавуваат и Мајлс Телер, Џенифер Конели, Џон Хем, Глен Пауел, Луис Пулман и Ед Харис.