Можеби не го измисли совршениот крој, но дефинитивно е еден од малкумината кои совршено беспрекорно го владеат. Tom Ford ја претстави својата колекција за мажи и жени наменета за пролет 2020 на Модната недела во Њујорк. Во типичен стил на Големото јаболко, го искористи метрото како инспирација за сценографијата, а неговиот препознатлив опсег на колорит од црно-бели и класични до неонски и принт варијанти, не беше исклучен и овој пат.