Првиот хотел на планетата што се напојува целосно од отпад е отворен од страна на компанијата Tokyu Hotels во Јапонската престолнина. Овој јаглерод неутрален хотел се напојува од водород добиен целосно од отпадни производи. Хотелот Kawasaki King Skyfront Tokyu Rei Hotel користи 30 проценти напојување со водород добиен од отпадна пластика, додека останатите 70 проценти доаѓаат од отпад од храна.

За да се овозможи ова хотелот користи H2Rex технологијата создадена од Toshiba, кој претставува систем на водородни ќелии кој го трансформира водородот во топлина и електрична енергија без да произведува емисии на јаглерод. Како средство за „хранење“ на овој систел Kawasaki King Skyfront Tokyu Rei Hotel користи рециклирана пластика од четките за заби и чешлите што ги оставаат гостите.

Покрај ова во хотелот се одгледуваат и производи преку хидропоника и LED осветлена фотосинтеза. На пример, хотелот може да одгледува зелена салата без пестициди во своето лоби, која ја бере еднаш месечно. Годишно овој хотел се снабдува со 300.000 кубни нанометри водород, генерирајќи 450.000 kwh моќност, што би било еквивалентно на доволно електрична енергија за 82 домаќинства (четиричлено семејство) годишно.

Процесот исто така ги намалува потенцијалните емисии на јаглерод за приближно 200.000 кг, што е еквивалентно на неутрализирање со садење на 14.300 дрвја. Хотелот го рециклира својот отпад од храна за да создаде обновлива електрична енергија, соработувајќи со блиска централа која користи отпад од храна за производство на гориво преку ферментација на метан од микроорганизми.