Секогаш присутниот гуру за машката мода, Тод Снајдер, повторно е во центарот на вниманието. Најновата колаборација на дизајнерот е зимскиот редизајн со Clarks Originals со кој се реосмислуваат двата најпопуларни модели на брендот за обувки – Desert Boot и Wallabee.

Todd Snyder x Clarks Originals

Двата редизајнирани и реосмислени модели, кои доаѓаат во ограничена серија, добиваат shearling постава, влакнеста велурна надворешност, а како омаж на корените на Desert Boots (дизајнирани од Нејтан Кларк) двата модели доаѓаат во две нови бои – Olive и Khaki. Двата модели исто така се одликуваат и со лента со дијагонални пруги во војнички стил на задниот глужд, портокалова лента помеѓу ѓонот и влошката, препознатливиот гумен ѓон и врежаното Todd Snyder лого на страната, во случај некој да се прашува зошто вашите Desert Boot или Wallabees имаат луксузен нов изглед.

„Гледавме некоја ретро војничка инспирација за боите на велурот и лентата со дијагонални пруги на потпетицата, а потоа сакавме да додадеме и дел од ДНК-та на нашиот бренд со додавање на портокалова лента меѓу ѓонот и подлошката“, изјави Снајдер во своето излагање.

Одлуката да им додаде „зимска опрема“ на овие два модели делува како многу логична и едноставна, но Снајдер повторно успеа да го направи сето тоа да делува совршено. Desert Boot и Wallabee на Clarks Originals се вистински класици, но не често се соодветен избор за оние најстудените зимски денови, како што би можеле или би требало да бидат.

„Некои луѓе можеби ќе помислат дека овие олд-скул Desert Boots повеќе се наменети за пролет и есен, но јас сакав да им додадам ‘зимски пневматици’ бидејќи ми се допаѓа како изгледаат во комбинација со стиловите за студените денови, пред се сомотот и тексасот“, додаде тој.

Todd Snyder x Clarks Originals

Новите зимски верзии на Deset Boot и Wallabee се веќе достапни на официјалниот веб сајт на Todd Snyder.