The King e најновото остварување нa Netflix со Тимоти Шаламе и Роберт Патинсон, приказна за владеењето на кралот Хенри Петти. 

Актерите Роберт Патинсон и Тимоти Шаламе се кралеви секој на свое фан кралство, но во новата најава за филмот The King, двајцата се кралеви на свои монархии. The King е остварување на Netflix, а станува збор за нова перспектива за владеењето на англискиот крал Хенри V. 

Тимоти Шаламе

Патинсон во филмот, како што може да се види во најавата ја толкува улогата на русокосиот принц на Франција, додека улогата на Хенри му припадна на Шаламе. Пред да стане крал, ликот на Шаламе е повлечен од кралскиот живот и живее помеѓу обичниот народ. Но, кога неговиот тиранин татко, кралот на Англија Хенри Четврти ќе почине, тој е крунисан како Хенри Петти. Сега е приморан да балансира помеѓу политиката, хаосот кој го оставил неговиот татко и емоционалните врски од минатото. 

Во филмот покрај Патинсон и Шаламе, се јавуваат и актерите Шон Харис, Бен Менделсон, Џоел Еџертон, Лили-Роуз Деп. 

Филмот The King е во режија на Давид Мичод, а се базира врз делата на Шекспир. Премиерата на Netflix е закажана за 1 ноември.