Истражувајќи ја меѓукултурната комуникација, компанијата која стои позади Timekettle WT2 Edge, може да се пофали дека ги има создадено првите слушалки кои прават двонасочни симултани преводи. Благодарение на интегрираната технологија овие слушалки овозможуваат разговор со луѓе без непријатни паузи.

Опремени со моќна AI технологија, слушалките можат да обезбедат фасцинантно искуство, овозможувајќи им на учесниците во разговорот да уживаат во природен и течен разговор додека ги забораваат јазичните бариери. Timekettle WT2 Edge преку комбинација на двојни микрофони, технологијата и адаптивениот алгоритам за насочно препознавање на глас и паметно намалување на бучавата, обезбедуваат правилно избирање на гласот со што се гарантира точен превод и блокирање на ирелевантен амбиентален шум.

Покрај интеграцијата на шест водечки машини за превод во светот, WT2 Edge, континуирано го оптимизира јадрото за да ја подобри точноста на преводот. Па така овие слушалки овозможуваат точност до 95%, брзина на превод од 0,5 до 3 секунди и поддржува 40 јазици, што мора да напоменеме дека е потпомогнато од 15-те сервери ширум светот.