Првпрат претставени од страна на Сидни Шварц во 1973 година, жолтите чизми стануваат популарни заради својата водоотпорна конструкција. Всушност и самата желба на Сидни била да има чизми со кои ќе остане сув за време на суровата зима во Њу Хемпшир, па токму затоа и ги нарекол „Timberland”.

И тој самиот не помислувал дека овие издржливи чизми за кратко време ќе станат најпрепознатлите обувки кои некогаш биле создадени. По повод 45- годишнината компанијата за сезоната есен/зима 2018 претставува специјална колекција која ги слави жолтите чизми а како симбол на годишнината чизмите ги дополнува со сафирно сини елементи и додатоци како двобојни врвки и втиснато лого.

Timberland

Транзицијата на жолтите чизми од работна во модна облека во доцните 70-тите се должи на одличен продажен тим кој успеал да го вклучи овој производ во селекцијата на познатите стоковни куќи Сакс и Блумингдејлс во Њујорк. За кратко време познатите „Панинаро” тренд сетери од Милано и хип хоп артистите од Њујорк почнуваат да ги носат жолтите чизми како свој заштитен знак, одраз на нивната индивидуалност и бунт кон воспоставените ролји во општеството.

Timberland оваа сезона ја лансира кампањата „Celebrate the Icon”, првата рекламна кампања генерирана преку имиџи на социјалната платформа за размена на фотографии „Unsplash”, која ја претставува визијата на различни фотографи за чизмите Timberland, преку приказни раскажани низ повеќе канали. Во имиџите се вклучени моделите London Square, Courmayeur и Chamonix Valley како и специјалната едиција 45th Yellow Boot.

Во текот на месец ноември продавниците на Timberland во Скопје ќе бидат место за многу интересни случувања и поволности за купувачите. Настанот посветен на 45 годишнината од постоењето на жолтите чизми ќе вклучи креативни соработки и работилници кои го доловуваат иновативниот карактер на брендот.

Timberland